Македонија ВМРО-ДПМНЕ

„Љупчо Николовски остави пустош во земјоделството, лозарите добија празни ветувања и полни буништа грозје“

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ овозможи многу подобри услови за земјоделците, со навремена исплата на субвенции и покажа дека земјоделецот повторно има партер во институциите. Се враќа достоинството на македонскиот земјоделец, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Љупчо Николовски остави пустош во земјоделството, лозарите добија празни ветувања и полни буништа грозје“

Николовски претставува симбол за земјоделски колапс, а не на успех, неговиот мандат беше синоним за хаос и историски ниски откупни цени. Токму поради Николовски лозарите не ги добиваа долгоочекуваните субвенции и беа оставени на милост и немилост на пазарот, без никаква помош, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Јавноста е свесна дека најголеми падови во земјоделството се во времето кога Љупчо Николовски беше министер. Земјоделците паметат дека субвенциите доцнеа, а цените беа мизерни- тоа е “успехот“ на СДС. Во време на СДС се истураше грозје зошто имаше катастрофална ниска откупна цена, додека сега разликата уште во првата година се забележа. Откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт се исплатија заостанати и тековни обврски во износ од над 10 милијарди денари, велат од владејачката партија.

Денеска одгледувачите на јаболка добија субвенции од околу 100 милиони денари.

-Откупната цена на Вранецот за 2025 година изнесува 21,3 денари по килограм, а за Смедеревка е 18,9 денари по килограм. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ овозможи многу подобри услови за земјоделците, со навремена исплата на субвенции и покажа дека земјоделецот повторно има партер во институциите. Се враќа достоинството на македонскиот земјоделец, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

To top