Македонија СВР Битола

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

Се преземаат мерки за расветлување на пријавениот настан и поднесување на кривична пријава, истакна портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова.

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја лишија од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во КЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола заради сомнение за сторено кривично дело „Примање поткуп“.

Во изјава за МИА, портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова истакна дека се преземаат мерки за расветлување на пријавениот настан и поднесување на кривична пријава.

Претходно Министерството за здравство ја осуди постапката и итно ја суспендира осомничената лекарка се додека трае истрагата, а менаџментот на ЈЗУ Клиничка болница-Битола искажа загриженост и побара истражните органи транспарентно и законито да постапуваат во овој случај.

Најнови вести од Македонија

To top