Македонија Социјална политика, демографија и млади

Лимани и Велковски во посета на децата од СОС Детско село

СОС Детско село е лиценциран и овластен давател на услуги, со кој Министерството има склучено управен договор за обезбедување стручна помош и поддршка на згрижувачки семејства преку Центарот за поддршка на згрижувачки семејства.

Лимани и Велковски во посета на децата од СОС Детско село

Министерот и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Ѓоко Велковски, денеска ги посетија децата од СОС Детско село.

Предновогодишниот период и празниците кои следат е период на топлина, насмевки, прегратки и подароци. Во таа атмосфера беше и денешната посета на децата од СОС Детско село.

СОС Детско село е лиценциран и овластен давател на услуги, со кој Министерството има склучено управен договор за обезбедување стручна помош и поддршка на згрижувачки семејства преку Центарот за поддршка на згрижувачки семејства. Покрај тоа, СОС Детско село е и лиценциран и овластен давател на услугата за живеење со поддршка за млади без родители и родителска грижа, сместени во 4 мали групни домови во различни населби во Скопје, со финансиска поддршка од Министерството.

Центарот за поддршка на згрижувачки семејства на СОС Детско село, заедно со Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола, обезбедуваат поддршка за згрижувачките семејства на целата територија на нашата држава. Неодамна Центарот на СОС Детско село отвори и одделение во Струмица, со цел приближување и поддршка на граѓаните – кандидати за згрижување и згрижувачи од околните градови и места.

Во моментов, во државата имаме вкупно 369 згрижувачки семејства, во кои се згрижени околу 600 лица.

Најнови вести од Македонија

To top