Македонија Клучна тема биле претседателските избори

Лидерите на албанската опозиција и Таравари разговарале за претседателските избори, следните денови одлука за претседателскиот кандидат

Ќе се формираат работни групи кои ќе имаат задача да ја сплотат Алијанса за Aлбанците во албанскиот опозициски блок, односно во Европскиот сојуз за промени, информираа денеска од коалицијата, откако вчера лидерите на трите албански опозициски партии Биљал Касами, Африм Гаши и Изет Меџити се сретнале со лидерот на Алијанса за Aлбанците, Арбен Таравари.

Лидерите на албанската опозиција и Таравари разговарале за претседателските избори, следните денови одлука за претседателскиот кандидат

Клучна тема на вчерашниот состанок биле претседателските избори, велат од ЕСП, и во наредните денови ќе донесат одлука околу изборот на претседателски кандидат, како и листите за пратеници, но како што беше посочено, одлуката ќе се носи откако ќе ја финализираат предизборната програма.

– Темата за претседателските избори беше една од клучните теми за кои разговаравме вчера, затоа треба во наредните денови, имајќи предвид дека законските рокови ќе почнат да течат, многу брзо дa се носи одлука на таа тема, посочи Орхан Муртезани на денешната прес-конференција.

Најнови вести од Македонија

To top