Македонија вистинската слика за правосудството

Лефков: Судот од Стразбур покажа кои се последиците од Кацарска судство, а тоа е дека во судењата главна е политиката и оти има политички прогон

Целата јавност ги гледа последиците од Русковска обвинителство и Кацарска судство. Судот за човекови права во Стразбур потврдува дека нема услови за фер судење, дека постапките се сосема спротивни на стандардите, рече Миле Лефков, пратеник во Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната емисија За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Лефков: Судот од Стразбур покажа кои се последиците од Кацарска судство, а тоа е дека во судењата главна е политиката и оти има политички прогон

Лефков посочи дека правосудството во Македонија наместо по правни аргументи се води од политички.

-Што правеа лицата од судството и обвинителството градеа кариери на човечки судбини. И сите тие кои го правеле ова треба да одговараат. Едноставно е Судот од Стразбур кажа јасно дека правото на фер и демократско судење кое е основно човеково право кај нас го нема, рече Лефков.

Пратеникот укажа дека и покрај овие пресуди кои треба да ги применуваат институциите во државава како да не добираат до нив.

-Има доказ дека судењата беа надвор од сите стандарди. А аздисаните претставници од СДС и ДУИ не престануваат со нанесување на штета и оваа година конечно ќе се ослободиме од оваа власт, кажа Лефков.

Лефков се осврна и на истражувањата на јавното мислење кои покажуваат дека народот ја има вистинската слика за правосудството.

-Довербата во овие институции, во судството е во рамки на статистичка грешка или 98 проценти значи дека немаат доверба. На сето ова може да се додаде и целосниот распад на сите области, има лоша економија, има пад на квалитет на живот, нема пристап и правда и фер судење, рече Лефков.

Најнови вести од Македонија

To top