Тој додаде дека бројката на граѓани од 74% кои кажуваат дека државата оди во погрешна насока може да се преведе слободно на 100%.
„Она што го укажуваат анкетите со овој број кажува само на една работа дека оваа политичка власт и елита со овие луѓе од страна на СДС и ДУИ можат да направат само едно, а тоа е никогаш повеќе да не конкурираат за вршење на јавни функции затоа што не се добредојдени, не ги сакаат граѓаните и очигледно е дека државата ја водат од еден во друг пораз и одиме во погрешна насока“, кажа Лефков.
Тој истакна дека евидентна е нервозата од страна на власта бидејќи знаат што ги чека и она што им претстои. Знаат дека ќе бидат поразени и ќе имаат пораз како досега не и се случил на ниедна власт.
„Анкетите имаат индикативен карактер односно што е тоа што народот го сака меѓутоа вака дадени анкети со овие бројки укажуваат само една работа а тоа е тргнете се од политика и никогаш повеќе да не се враќате во политика. За жал, Ковачевски тоа не сака да го признае и затоа ги напаѓа оние кои ги пренесуваат анкетите на граѓаните и затоа беа нападнати новинарите“, вели Лефков.