Македонија

Лефков: Пендаровски призна дека тој и владата и дале на Бугарија можност да не блокира на патот кон ЕУ за историски прашања секогаш кога ќе сака

Лефков: Пендаровски призна дека тој и владата и дале на Бугарија можност да не блокира на патот кон ЕУ за историски прашања секогаш кога ќе сака

И Стево Пендаровски призна дека владата на СДС и ДУИ и тој како претседател ја ставиле државата во подредена положба на Бугарија, и го врзале нашиот напредок кон ЕУ на желбата на Бугарија и нејзината интерпретација на историјата, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Посочи дека самиот Пендаровски кажал дека откако историските комисија од двете држави ќе се согласат за одредена личност тоа треба да го прифатат двете влади, ако двете влади не се согласат, тогаш следува вето од Бугарија на патот на Македонија кон ЕУ.

-Го прашуваме Стево Пендаровски дали уште е на овој став или и тој го сменил, или треба првин да праша во СДС дали може да има уште таков став?

Стево може да побара одобрување или да најде изговор или нова интерпретација, но фактот дека тој и СДС и ДУИ ја заглавија Македонија нема да се смени.

Стево Пендаровски е најконфузниот политичар кој некогаш бил избран на било каква функција во Македонија.

Со Стево Пендаровски имаме измеќар на СДС и ДУИ. Со право народот вели немаме држава, време е да ја вратиме, нагласи Лефков.

Најнови вести од Македонија

To top