Стево Пендаровски излажа и за договорот со Бехтел и Енка, исто како што лажеше за се друго. Пендаровски кажа дека договорот покрај министрите ќе го преговараат и граѓански организации, за на крај Артан Груби да биде тој кој далеку од очите на јавноста го испреговара и потпиша договорот, а потоа и сокри под клаузула за тајност, истакнува Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Тој на прес-конференцијата пушти видео и шпрача дека договорот е потпишан, реализација нема.
-Суштината е дека Пендаровски лажеше и за тоа сека договорот ќе биде ставен на увид на јавноста, што воопшто не се случи. Пендаровски и се закани дека ако во Собранието се изгласаат законските измени за 60 часовна работна недела за работниците на коридорите тој нема да го потпише указот, за на крај не само што го потпиша, туку и дрско упати порака до сите да се жалат на Уставен суд. Начинот на кој се потпиша договорот е проблематичен и за ЕУ, каде што Македонија сака да стане земја членка, но тоа не е проблем за Пендаровски се додека ги исполнува желбите на ДУИ и Артан Груби. Со право народот вели немаме држава, време е да ја вратиме, истакна Лефков.