Македонија прес-конференција

Лефков: Наместо извинување, СДС и Филипче и натаму лажат за темата мигранти во јавноста, дали кормилото во бродот кој им тоне го управува кој стигне?

Наместо извинување од страна на СДС и Филипче за невистините кои ги изнесоа во јавноста за наводни мигранти во Македонија, тие и понатаму продолжуваат да лажат, рече на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков.

ПР-от на СДС и Филипче кој очигледно е дека не им оди од полза, треба под итно да го променат затоа што бродот на СДС тоне се повеќе и повеќе. Откако добија демант од британскиот амбасадор за наводни мигранти и мигрантски кампови во Македонија, СДС и натаму продолжува тврдоглаво со главата во ѕид, мислејќи дека ако повторуваат 100 пати една лага таа ќе стане вистина. СДС и Филипче лажеа дека никогаш не говореле за мигрантски кампови, а тие беа истите кои велеа дека Македонија станува голем мигрантски камп и црна точка во Европа. За секоја нивна лага следува демант. И нема извинување, нема одговорност, истакна Лефков.

Само лаги, манипулации и деструкција. Основните три начела на СДС, затоа и се трета партија во Македонија со 130.000 гласови, додаде Лефков.

Најнови вести од Македонија

To top