Македонија вмро-дпмне

Лефков: Груби ја искомпромитира ДУИ, тој е на црна листа на САД и фатен во криминал од 8 милиони евра, наместо да направат рез, тие го штитат, а СДС сее магла

Груби ја компромитира ДУИ, тој е на црна листа на САД и фатен во криминал од 8 милиони евра, наместо да направат рез, тие го штитат, а СДС сее магла, истакна на денешната прес конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека Груби е криминалец, тоа го кажа и Стејт Департментот и Македонските институции. Само ДУИ наместо да расчисти со тој товар уште повеќе го зема на себе.

Со што толку е задолжена ДУИ од криминалецот Артан Груби? А уште повеќе СДС, па мораат да смислуваат разни приказни, за да одвлекуваат внимание?

СДС со години знаеше за криминалот на Груби и не го апсеше, за потоа да му се приклучи. Дали е тоа главната причина зошто сега треба да го бранат?

Дали СДС се фатени во тесно од Груби и ДУИ кои ги штитат со молчење?

Зошто толку Груби знае за СДС и ДУИ што не поминува ден, а двете партии да не вадат нов обид од ракав да го перат, прикриваат или да дефокусираат од него?

Колку и СДС и ДУИ да се обидуваат да дефокусираат, одговорност за криминалот ќе има. Веќе никој не е над законот, истакна Лефков.

Најнови вести од Македонија

To top