Македонија Предлог буџет

Лефков: 3 милијарди денари повеќе во буџетот за образование, се подобруваат условите за работа и учење и се зголемуваат платите

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го има образованието високо на агендата и тоа ќе продолжи во годините што следат, изјави Лефков.

Лефков: 3 милијарди денари повеќе во буџетот за образование, се подобруваат условите за работа и учење и се зголемуваат платите

Предлог буџетот за 2025 година на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на образованието и младите е развоен, и насочен кон подобрување на условите за учење, студирање и живот на младите. Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди денари повеќе во Буџетот за образование, изјави Миле Лефков пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„За 115 милиони денари во однос на 2024 година се зголемени капиталните инвестиции во образованието. Овие средства ќе бидат насочени кон изградба и обнова на училишта, модернизација на образовната инфраструктура и обезбедување подобри услови за нашите ученици.

Образовните работници ќе добијат покачување на платите 7% со мартовската плата. А платите ќе растат во континуитет во наредните години.

Во ставката студентски стандард Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува повеќе од 30 милиони евра, за 18% повеќе од лани. За ученички стандард, 12% повеќе од минатата година“, потенцираше во изјавата Лефков.

-Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови, 6 милиони евра. Во овој момент, студентските домови се реконструираат и ќе бидат ставени во функција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ го има образованието високо на агендата и тоа ќе продолжи во годините што следат, изјави Лефков.

Најнови вести од Македонија

To top