Македонија

Латас: Стратешкиот договор на Владата на Мицкоски со Велика Британија е доказ за прозападната политика на оваа Влада

-Економијата за оваа Влада на Мицкоски и министрите е приоритет, ние немаме што многу да и дадеме на Британија на економски план, не сме стратешка позиција, немаме голема индустрија и веројатно ќе има нешто на поле на енергетика, рударство на тој тип индустрија и информатички технологии и ние тука може само да заработиме ако би се добило и некаква можност да наши работници под добри услови влезат во Велика Британија или мали фирми со свои вработени и да таму нешто работат градат и нешто слично тоа би било плус, истакна Драган Павловиќ Латас во гостување во емсијата “Само Вистина” на Канал 5 телевизија.

Латас посочи дека не постои ниту еден минус за Македонија со потпишан ваков статешки договор.

-Нема ниеден минус да мала земја како Македонија потпише еден таков стратешки договор кој е меѓусебно обврзувачки со една таква веле сила за Европа како што е Велика Британија во секој поглед. Тоа е доказ за прозападната политика на оваа Влада, доказ е и за амбициите со кого сакаме да разговараме, преговараме и соработуваме кога ќе ти потпише од таму британски министер не е играчка, вели Латас.

Најнови вести од Македонија

To top