Македонија

Ласовска: СДС и ДУИ го злоупотребуваа европското знаменце при носење на закони во Собранието и ја доведоа Македонија на дно во регионот по раст

„ВМРО-ДПМНЕ има блокирано шест закони, а во периодот од 2020 година до 2024 година Собранието има усвоено 747 закони од кои само 312 во редовна постапка, 425 по скратена постапка, 10 закони по итна постапка и доаѓаме до клучниот момент со европско знаменце се донесени 102 закони што е огромна злоупотреба на европското знаменце. Или како што забележа Брисел бројот на закони по скратена постапка се зголемил од 38 на 59 проценти на сметка на важни дебати во Собранието и тоа е во делот на критиката на работата на Собранието, а ВМРО-ДПМНЕ блокираше само закони штетни за граѓаните“, кажа Ласовска.

Ласовска: СДС и ДУИ го злоупотребуваа европското знаменце при носење на закони во Собранието и ја доведоа Македонија на дно во регионот по раст

Добро е што во Собранието постои статистика и се гледа кој колку бил присутен во Собранието, кој колку зборувал и се гледа активноста на сите пратеници, рече Благица Ласовска, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 24.

Ласовска се осврна и на злоупотребата на европското знамеце при носење на законите во Собранието.

„ВМРО-ДПМНЕ има блокирано шест закони, а во периодот од 2020 година до 2024 година Собранието има усвоено 747 закони од кои само 312 во редовна постапка, 425 по скратена постапка, 10 закони по итна постапка и доаѓаме до клучниот момент со европско знаменце се донесени 102 закони што е огромна злоупотреба на европското знаменце. Или како што забележа Брисел бројот на закони по скратена постапка се зголемил од 38 на 59 проценти на сметка на важни дебати во Собранието и тоа е во делот на критиката на работата на Собранието, а ВМРО-ДПМНЕ блокираше само закони штетни за граѓаните“, кажа Ласовска.

Според Ласовска ова владеачко мнозинство е само гласачка машина.

„Оваа власт дојде со ветување за подобар живот, а не направи ништо, не покачи пензии, не покачи плати на наставници и сите тие знаат во колку нефункционална држава живеат. Не знам еден голем проект што го направи оваа власт, ветуваа 5 проценти раст, а стигнаа само до 0,5 проценти за да заврши Македонија на дното по раст во регионот“, изјави Ласовска.

Ласовска укажа дека лошото живеење на граѓаните кое се гледа секојдневно.

„Секој ден има протести на улица од сите групи на граѓани, незадоволството е огромно“, кажа Ласовска.

Најнови вести од Македонија

To top