Македонија

Лафчиски на средба со командантот на НАТО Корпусот

Лафчиски на средба со командантот на НАТО Корпусот

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски денес оствари работна средба со командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување во Италија (NRDC-ITA), генерал-потполковник Лоренцо Дадарио.

На денешната средба во Генералштабот беа искажани заемните заложби за понатамошните заеднички активности, кои дополнително ќе придонесат во развојот на нашите способности, обученоста и интероперабилноста при ангажирање во операциите на НАТО.

За време на средбата генералот Дадарио изрази благодарност за поддршката при реализацијата на вежбата на Сојузничките сили за реакција (ARF) на НАТО од NRDC-ITA, која неодамна се реализираше на територијата на Република Северна Македонија и Косово, испраќајќи јасна порака за силната посветеност на НАТО за одржување на мирот и стабилноста.

Генералот Лафчиски го запозна генералот Дадарио со актуелните процеси и активности кои се одвиваат во Армијата во областа на развој на целите на способности преку опремување и модернизација, нашиот придонес во операциите на НАТО, како и плановите за развивање на капацитетите на АП „Криволак“.

Посетата се реализира во рамките на обиколката на генерал-потполковник Лоренцо Дадарио на НАТО земјите во зоната на одговорност на командата на NRDC-ITA, во чија структура учествуваме со еден штабен офицер.

Најнови вести од Македонија

To top