Македонија Движење ЗНАМ

Лабудовиќ: Сите опозициски гласови се за промена – промената во Центар е неизбежна!

Рече дека граѓаните на Центар веќе се изјаснија дека е доста од популизам, доста е од неказнивост и од празни ветувања.

Лабудовиќ: Сите опозициски гласови се за промена – промената во Центар е неизбежна!

Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, се заблагодари на огромната поддршка што ја доби во првиот круг на изборите за градоначалник на Центар.

-Центарци јасно ја покажаа насоката во која сакаат да се движи општината. Потврдено е опозициското расположение против локалната власт предводена од СДСМ. Одиме понатаму – од утре продолжуваме со нашата приказна за подобар Центар! Резултатите од првиот круг покажаа дека сите опозициски гласови се гласови против Герасимовски и неговото неработење. Сите кои сакаат промени, ред, развој и чесно управување, обединети се на истата страна – страната на народот, страната на Центар, рече тој.

Лабудовиќ посочи дека ова не е борба на партии, ова е борба на граѓаните против корупцијата, бетонизацијата и ароганцијата на власта во Центар.

-Од срце им се заблагодарувам на сите граѓани кои гласаа за промена, на членовите, поддржувачите и симпатизерите на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, како и на раководството, членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ за искрената и отворена поддршка во оваа заедничка борба. Ова не е борба на партии, ова е борба на граѓаните против корупцијата, бетонизацијата и ароганцијата на власта во Центар! Во вториот круг се почнува од 0:0. Сега е моментот кога уште повеќе треба да сме сите обединети и решителни. Да покажеме дека Центар заслужува вистинска локална власт која ќе биде на страната на граѓаните, а не на интересите на неколкумина, истакна Лабудовиќ.

Рече дека граѓаните на Центар веќе се изјаснија дека е доста од популизам, доста е од неказнивост и од празни ветувања.

-Сега е време за вистинска работа, време за ред, чисти улици и чесна општина! За 14 дена – заедно ќе славиме голема победа! Победа за секој граѓанин кој сака нормален, убав и достоинствен Центар. Центар повторно ќе биде најубавата, најчистата и најуредената општина во Скопје, порача Лабудовиќ.

To top