Македонија

Куса средба Мицкоски-Зеленски во Лондон

Куса средба Мицкоски-Зеленски во Лондон

Денеска во рамки на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон остварив кратка средба и разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил.

– На средбата ја потенцирав недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ и посочив дека и во иднина можат да сметаат на нашето пријателство. Македонија и македонскиот народ се хумана нација и сочувствуваат во овие тешки историски предизвици и несогледливи последици. Нашите односи се базира на вистинско пријателство од каде произлегуваат принципи, вредности и разбирање, напиша Мицкоски на ФБ.

Најнови вести од Македонија

To top