Косовскиот премиер, Албин Курти упати честитка за изборот на Христијан Мицкоски за претседател на македонската Влада, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на владината прес-служба, Курти во честитката нагласил дека Косово и Северна Македонија не се само соседи, туку и „сојузници и блиски партнери во НАТО-ориентацијата, регионалната соработка и интеграцијата во Европската унија“.
– Од патот Призрен-Тетова, до одбраната и безбедноста, со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи, порача Курти.