Алијанса за Албанците (AA) на претседателот Арбен Таравари вечерва во централното седиште во Тетово одржа состанок со највисоките раководни органи на партијата.
Централното претседателство и претседателите на ограноците,одлучија да одат во опозиција, објави Таравари по состанокот.
Курир дознава дека на состанокот на АА не присуствувал вицепремиерот Арбен Фетаи и еден пратеник.