Фондот за здравствено осигурување продолжува со традиционалната крводарителска акција „Фондовско срце”, која секоја година се одржува во централната служба. Овојпат, како што информираат од ФЗО, акцијата ќе се прошири и во подрачните служби, а првата таква акција ќе се одржи денеска во Битола.
На акцијата што ќе се одржи во просториите на подрачната служба на Фондот за здравство во Битола, ќе присуствуваат и ќе даруваат крв генералниот директор на Фондот, Бранко Аџигогов, и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.