Трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани секојдневно добива нови размери, нови димензии, кои освен катастрофа ја претвораат и во политичка афера. И додека земјата на вечните почивалишта на трагично загинатите млади луѓе е се’ уште свежа, во очи на локалните избори трагедијата се користи и злоупотребува за препукување помеѓу одредини политички субјекти и поединци, според многумина, за „некрофилско“ собирање политички поени, анализира ВИСТИНА.
Најсвежиот пример е гостувањето на В.Д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски во поткастот „Стадион“ на Канал 77 кај новинарот Столе Наумов.
-Имено, Крстевски кој на оваа функција дојде по разрешувањето, односно оставката на Венко Папазов по трагедијата во ноќниот клуб, во поткастот прстот го впери во Панчо-ДНК како главен виновник за трагедијата во „Пулс“! Посочи дека тој е лицето кој што го предизвикал пожарот, а како таков не е опфатен со обвинение! При тоа дополнително ќе обвини дека една недела пред трагедијата во Кочани, ДНК имале концерт во една скопска дискотека, каде исто така пиротехиката то ј носеле и активирале предизвикала пожар кај зву чиците, кој наводно бил гасен со кибла за мраз, пишува порталот.
Целата вест прочитајте ја на ВИСТИНА.МК