Македонија ќе има ли доблест?

Крстевска-Цалева „повлече нога“, ќе си даде оставка ли и Коцевски?

Јавноста очекува нејзиниот шеф, Коцевски, да има доблест и да го стори она што денеска го направи обвинителката којa токму тој ја назначи. Да даде оставка и да не чека Собранието да го разреши по предлог на владата, на чија седница токму јавниот обвинител назначен од СДСМ?ДУИ е на дневен ред..

Крстевска-Цалева „повлече нога“, ќе си даде оставка ли и Коцевски?

Советот на јавни обвинители на следната седница ќе одлучува по барањето на јавната обвинителка Наташа Крстевска Цалева да биде ослободена од функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје, додека трае оддалечувањето од функција на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.

Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска, на денешната седница, информира дека во текот на вчерашниот ден до Советот е поднесена молба или барање од страна на обвинителката Наташа Крстевска Цалева.

– Краток допис во кој се наведува дека со оглед на тоа што сум штотуку дојдена во ВЈО Скопје и имам потреба да се фокусирам на предметни работење, молам да бидам ослободена од оваа задача на која подобро би одговорил јавен обвинител со поголемо работно искуство, информира Димитриевска.

Одлуката Крстевска Цалева да ја презема функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство, додека трае оддалечувањето на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, Советот ја донесе на седница одржана на 10 февруари годинава.

Предлогот за преземање на функцијата од страна на Крстевска Цалева беше посочен од страна на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцески, како еден од можните девет јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство кои што би можеле да ја преземат функцијата да раководи со Обвинителството.

Јавноста очекува нејзиниот шеф, Коцевски, да има доблест и да го стори она што денеска го направи обвинителката коај токму тој ја назначи. Да даде оставка и да не чека Собранието да го разреши по предлог на владата, на чија седница токму разрешувањето на јавниот обвинител назначен од СДСМ/ДУИ денеска е на дневен ред.

Од денешната негова изјава, се гледа „од авион“ дека нема да го стори тоа, никако.

– Доколку се утврди дека се работи за тешка дисциплинска повреда како што е во законот јас навистина ќе се повлечам, доколку така проценам  од она што ќе го добијам во предлогот, иницијативата. Од она што го слушнав во јавноста, што да коментирам, тука нема никаква тешка дисциплинска повреда – рече Коцевски.

Очебијно, Коцевски ќе се бори до последен здив за да ја зачува својата „кожа“ и функција. Проблемот е што разрешувањето е само прашање на време.

Процедурата завршува со гласање за негово разрешување во собранието за кое се потребни 61 пратеник…

 

Најнови вести од Македонија

To top