-За два дена од денеска, во среда се гласа. За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво, изјави Драган Ковачки, носител на изборна единица 3
Тој рече, затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено единство, на национално единство.
-Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните. Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2, потенцира во изјавата Ковачки.