За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани – Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом, изјави денеска Драган Ковачки, носител на Изборна единица 3.
Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.
За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани – Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.
Почитувани граѓани,
Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија.