Македонија МВР на Спасовски целосно потфрли

Ковачки: Спасовски излажа за два клучни моменти од истрагата за киднапирањето и убиството на Панче и малата Вања

Оливер Спасовски ја излажа македонската јавност за два клучни моменти, истакна на денешнат прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки: Спасовски излажа за два клучни моменти од истрагата за киднапирањето и убиството на Панче и малата Вања

-Прво, дека возилото на убиениот Панче со кое е извршено киднапирањето на Вања не било барано затоа што не знаеле дека и тоа е исчезнато.

Ова е лага затоа што возилото е пријавено во СВР Велес како исчезнато, за што постои и официјален запис во МВР.

И второ дека возилото за прв пат го наоѓаат на камерите на “Безбеден град” на 27 ноември, односно на денот на убиството на Вања.

Како што веќе прашавме, а Спасовски одбива да одговори дали е точно дека возилото е регистрирано на системот “Безбеден Град” на 24 ноември во 6:30 и 25 во 21:15 кај Маџари, денеска ќе потврдиме дека возилото е регистрирано на системот “Безбеден Град” во наведените термини и локација, што укажува на уште една лага на МВР Спасовски.

Потенцираме дека овој податок го има и Спасовски, а зошто ја лаже јавноста не знаеме, и бараме одговори.

МВР на Спасовски целосно потфрли и за ова мора да има одговорност.

Најмалку сакаме овие информации кои ги објавуваме да се сфатат во насока на некакво партиско политичко препукување. Но, должни сме јавноста и сите граѓани да предупредиме на пропустите во истрагата на министерот Спасовски како и на нивните погрешни информации кои ги соопштуваа, кои доколку не се случеа, убијците на Вања ќе беа откриени и немаше да се случи второто убиство.

Очекуваме одговори на нашите прашања, рече Ковачки.

Најнови вести од Македонија

To top