Македонија вмро-дпмне

Ковачки: Со што ја задолжил Муслиу владата? Во која НАТО земја сопруга на директор на служба добива 620.000 евра грант за работа која е дејност на службата на сопругот?

Со што ја задолжил Еролд Муслиу власта на СДС и ДУИ, за Владата да му наложи на националниот координатор за борба со тероризмот да склучи меморандум со конзорциумот составен од НВО на сопругите на Директорот на АР Еролд Мислиу и на вицепремиерот Фатмир Битиќи, a со цел истите да можат да го земат грантот од 620.000 евра?, запраша на денешната прес-конференција пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Ковачки: Со што ја задолжил Муслиу владата? Во која НАТО земја сопруга на директор на служба добива 620.000 евра грант за работа која е дејност на службата на сопругот?

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Ковачки:

-Добивањето на грант од 620.000 евра на НВО на сопругата на Еролд Муслиу е можно само заради одлуката на владата да се потпише меморандумот. Доколку владата не дозволела, до грантот за сопругата на Муслиу немало да дојде.

Потенцираме, потпишувањето на меморандумот е основа за доделување на грантот од 620.000 евра на НВО на сопругата на Директорот на АР.

Инаку, меморандумот има забрана за објавување од страна на владата и тој е недостапен за јавноста. Претпоставувате зошто.

Фактите и доказите покажуваат директна поврзаност меѓу НВО и функционерите и се основа за постапка за трговија на влијание. Еве нека каже Еролд Муслиу каде во светот и во НАТО земјите има пример каде сопругата на директорот на разузнавачка служба добива странски грантови на теми поврзани со тероризам кои се предмет на работа на службите за безбедносен интерес, односно се во директна поврзаност.

Оттука, се поставуваат две прашања:

Прво, со што Директорот на АР – Еролд Муслиу ја задолжи Владата да му наложи на националниот координатор да склучи меморандум со конзорциумот со НВО во која е главна неговата сопруга? И внимавајте, истото да го забрани за објавување, и

Второ, знае ли Владата како се искористени парите од грантот, наменски или завршиле во џебовите на тие што извршиле трговија со влијание?

Ја повикуваме вицепремиерката за добро владеење во Владата да излезе со став за наведениот случај во кој е очигледна трговија со влијание од страна на високи функционери со цел остварување на материјална корист.

Го повикуваме и премиерот Ковачевски да излезе во јавност и да каже со што е задолжен за да им удоволува на барањата на Муслиу и Битиќи?

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, порача Ковачки.

To top