Македонија парламентарни и претседателски избори 2024

Ковачки: Силјановска Давкова го прегази Пендаровски со дупло поголема разлика, истото ќе се случи и на 8 мај со зголемена разлика

„Нашиот претседател подаде рака на сите кои се против оваа криминална структура на ДУИ и СДС нивните измеќари. Подаваме рака заеднички доколку се чувствуваат како опозициона партија да ни се придружат да ги срушиме дополнително СДС и ДУИ“, истакна носителот на ИЕ3 од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во вечерашното гостување во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24.

Ковачки додаде дека народот во текот на вчерашниот ден го испорача резултатот што мисли за СДС.

„Дојдоа на власт со ветување за живот, правда за сите, а на крај видовме што донесоа, хаос и безредие, донесоа сиромаштија, најмизерна држава во Европа сме. Во делот на борба со корупцијата морам да потсетам дека судството ни е на 1% доверба токму поради тоа затоа што немаме никаква борба со корупцијата а сега се повикуваат дека ќе се бореле со корупција. Имаат лица високи функционери во нивната коалиција на ДУИ и СДС кои се на црната листа на САД, како ќе се борат со корупција јас не знам. Дојдоа со програма дека ќе ги врателе младите, редеа чевли пред владата итн., но во ниеден момент не ја исполнија нивната програма. Граѓаните јасно ја препознаа нивната лага и манипулативност и токму затоа во текот на вчерашниот ден Гордана Силјановска Давкова го прегази нивниот кандидат со дупло поголема разлика и истото ќе се случи на 8 мај со зголемена разлика“, истакна Ковачки.

Ковачки потенцираше дека подаваат рака кон сите политички субјекти за национално македонско обединување против оваа криминална структура на ДУИ и СДС и очекуваме граѓаните масовно да ни ја дадат поддршката.

To top