Македонија Пратенички прашања

Ковачки: СДС остави празен буџет, ВМРО-ДПМНЕ одржа лекција како се сака Македонија со дела и реализирани проекти

Ковачки: СДС остави празен буџет, ВМРО-ДПМНЕ одржа лекција како се сака Македонија со дела и реализирани проекти

„За 120 дена покажавте како се сака Македонија, а тоа е со дела и реализација на проекти, односно со исполнување на ветеното од изборите на кои граѓаните гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. Имаме континуитет на изборните ветувања, односно нивно преточување во конкретни проекти во интерес на граѓаните“, изјави  пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната седница за пратенички прашања на Собрание.

Исто така Ковачки додаде дека и покрај празните каси кои ВМРО-ДПМНЕ ги наследи, сепак Владата не бара изговори туку прави конкретни дела во интерес на доброто на граѓаните.

„И покрај катастрофалната состојба на наследениот буџет во кој немаше пари за пензии, а некои претпријатија со месеци трпеа за плата сепак не баравте оправдувања туку преминавте на конкретни чекори. Успеавте да обезбедите повисоки пензии и да ги исплатите заостанатите плати, да постигнете историски договор за платите на наставниците , да ја проширите позитивната листа на лекови, да обезбедите учебник за секое дете“, рече Ковачки.

Ковачки истакна дека ВМРО-ДПМНЕ вложува во инфраструктурни проекти, но и врши нивна реализација, за разлика од претходната власт која што ваквите проекти и служеле исклучиво како печатница за пари.

„Од друга страна деновиве гледаме како претходната власт душмански постапувала со народните пари преку формирање на фирми на ДУИ и СДС, за испумпување на милионски суми од фондот за иновации и технолошки развој“, дополни Ковачки.

Првото прашање на Ковачки до Претседателот на Влада беше во однос на начинот на распределба на средствата за секоја општина и дополнително дали ќе има нов повик за да може опшините да аплицираат на нови проекти.

„Како одеше распределбата на парите за секоја општина и дали средствата се доделуваат врз основа на специфични потреби и проектни барања на општините, или можеби врз распределбата влијаеле други причини?Дали ќе има нов повик за искористување на средства за нови проекти, доколку има кога е тоа предвидено?“ праша Ковачки.

Второто прашање се однесуваше на Стратегијата 2050 година, и подетално објаснување за истата како и кои механизми се предвидени за општ консензус, бидејќи антимакедонски елементи на СДС биле против оваа стратегија иако нејзината цел е визија за долгорочен напредок за земјава.

„Во вашиот говор на 23 октомври најавивте иницијатива за долгорочна стратегија за наредните 30 години со акцент на консензус меѓу сите релевантни општествени чинители и институции во земјата. За каква стратегија всушност станува збор и кои механизми ги планирате за општ консензус?“

Третото прашање беше поврзано со патувањето во САД на самит на НАТО, каде СДСМ јавно обвинија за низа неправилности во патувањето, иако Антикорупциска комисија потврди дека нема злоупотреба на јавни средства, праша дали СДС се извинија за клеветите и навредите по ваквата одлука на комисјата.

„Веднаш после формирањето на владата заминавте на пат за САД на самит на НАТО, СДСМ јавно обвинија за вашето патување во САД и покренаа прашање за транспарентноста и трошоците на ова патување. Дополнително тие во својот напад вклучија и членови на вашето семејство, што придонесе за засилување на дебатата во јавноста и непотребно подгреа политичка полемика. Она што дополнително го засили интересот на јавноста е фактот дека случајот беше разгледан и од страна на Антикорупциска комисија која донесе одлука со која се затвори прашањето потврдувајќи дека нема злоупотреба на јавни средства ниту конфликт на интереси за ова патување. Дали јавно Ви се извинија за клеветите и навредите по ваквата одлука на комисјата?“ , заклучи Ковачки.

Најнови вести од Македонија

To top