Македонија

Ковачки: СДС е малцински партнер во сопствената влада со само 5 министри, ДУИ и Талат владеат

Ковачки: СДС е малцински партнер во сопствената влада со само 5 министри, ДУИ и Талат владеат

СДС е малцински партнер во сопствената влада со само 5 министри, а ДУИ и Талат владеат, изјави на денешната прес-конференција пратеникот Драган Ковачки.

Посочува дека Ковачевски ја продаде СДСМ, за ден повеќе власт му слугува на ДУИ.

-Ковачевски си ги понижи сопствените пратеници, кои мораа да го гласаат командант Форина за премиер. Талат Џафери немаше да биде премиер без гласовите од СДС. За да владее ден повеќе Ковачевски ја предаде владата на дезертерот Џафери. Една година Ковачевски даде се што можеше да се даде, од милионски тендери на партискиот донатор на ДУИ, Еуровиа, преку одмолчување за купувањето на Соравија до преземањето на хотели на Попова Шапка, истакна Ковачки.

Тој рече дека од вчера Ковачевски ја предал и онаа малку моќ на политичко одлучување кое го имаше. СДСМ повеќе за ништо не се прашува. Главни се криминалците од ДУИ, вели Ковачки.

-Дури и таму каде што СДС има министри како во Министерството за транспорт и врски не одлучуваат тие, туку ДУИ и Артан Груби, кој се само назначи за координатор за изградба на Коридорите. Ковачевски свесно се понижи и себе и партијата, но пред се државата. СДС ја уништува Македонија, немаме веќе држава. Ковачевски е човекот кој ќе треба да го стави клучот на вратата во СДС вечерта на 8-ми мај, истакнува тој.

To top