Македонија

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи на социјалните мрежи по неговиот избор на оваа партиска позиција.

Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна. Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија. Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа, напиша Ковачки во објавата на социјалните мрежи.

Тој му се заблагодари на досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој, како вели, несебично и целосно бил посветен на организацијата.

-Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија, напиша Ковачки.

To top