-Грант од 620.000 евра, сопруги на вицепремиер и директор на служба, одлука на влада, сето ова ставено во една реченица треба да биде доволно ЈО барем да се заинтересира да провери и отвори истрага, но од таму молк.
Колку повеќе откриваме од случајот, толку повеќе станува јасно дека власта сериозно забегала.
Имено, единственото нешто кое сопругата на Муслиу го има со безбедноста и со борбата со тероризмот е дејноста на нејзиниот сопруг – директор на АР, затоа што госпоѓата е магистер на земјоделски факултет.
Која е експертизата која истата ја има за областа и како се нашла да биде дел од Конзорциумот?
Колку може да биде квалитетната експертизата и анализите кои за потребите на националниот комитет за насилен екстремизам и борба со тероризам во кој членува нејзиниот сопруг, ги прави Магистерка по земјоделие?
Почитувани,
Претставниците на власта со злоупотреби на службени позиции, со трговија со влијание за добивање на странски грантови од областа на безбедноста на земјоделци чии сопрузи се државни функционери, докажуваат дека институциите максимално се злоупотребуваат и искористуваат за лични лукративни цели.
За сите горенаведени информации, институциите кои се под целосна контрола на СДС и ДУИ – молчат.
Со молчењето ЈО, Пендаровски и Ковачевски, истите потврдуваат дека знаат и го одобруваат ова дејание.
Доколку сакаат да глумат Европјани, тогаш Пендаровски да не молчи, туку веднаш да го разреши Муслиу и да го повика истото да го направи и Ковачевски со Битиќи во Собрание.