Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Наша заедничка обврска и задача е да се бориме за нашата Македонија

Ковачки укажа дека ако граѓаните сакаат да се промени грдата реалност, мораме да се бориме заедно, здружено, обединето. Да се донесат промените гласно. Да се врати надежта.

Ковачки: Наша заедничка обврска и задача е да се бориме за нашата Македонија

„Доста е! Доста ни се национални предавства, газење на македонско национално достоинство, газење на Македонецот, распродажба на се што е македонско, пљачкање на државата, хаосот и безредието, доста е! Време е за промени за нова иднина, за нова надеж“, порача Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3 на денешниот настан.

Ковачки додаде дека огромна чест и задоволство е што ја предводи изборната единица 3. Огромна е честа е да се предводи победничката листа – спој на искуство и знаење и младост и енергија. Победничка листа за враќање на надежта која е изгубена, листа за иднина за сите, и за обнова на нашата Македонија со проекти и реформи.

„Имаме визија, стратегија и план, ја имаме Платформата 1198 со која ќе го подобриме животниот стандард и квалитетот на живот на сите граѓани. Да бидеме европски граѓани“, посочи тој.

„Пред нас се два предизвици. Најпрво да избереме претседател на Република Македонија, лидер кој ќе донесе промени и кој ќе ја направи Македонија повторно горда земја на среќни граѓани. А, потоа и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиер кој ќе ја движи Македонија напред, кон нови победи, влада која ќе нуди проекти и решенија за проблемите на граѓаните и ќе работи во нивен интерес. За Македонија повторно твоја“, рече Ковачки.

Тој додаде дека пред сите нас е голема историска одлука. Сите заедно ќе одлучуваме во каква Македонија ќе живееме.

„Испраќам порака до сите граѓани кои денеска не се тука со нас. Одлуката е во вашите раце. Вие одлучувате за влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи одговорно, посветено, мотивирано, чесно и транспарентно и во интерес на граѓаните, наспроти влада на ДУИ и СДС каква што имавме изминатите 7 години, на порази, на неправди, на национални понижувања, на предавства, влада на криминал и корупција, влада за продолжување на агонијата. И ова мора да се промени. Овие избори се последната шанса за промени. А Промените се во твои раце“, нагласи Ковачки.

„Ве уверувам и повикувам да дадаме се од себе, да ги посетиме сите градови, населените места, да се сретнеме со колку што е можно повеќе граѓани и лично да разговараме со нив. Да им ја понудиме програмата Платформа 1198 и да ги презентираме проектите за кои ве уверувам дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и идниот премиер Христијан Мицкоски ќе ја реализираат. Платформата 1198 е програма која нуди проекти за секој граѓанин и е одговор на барањата и потребите на граѓаните. Проекти кои ќе го подобрат животот на секој граѓанин, проекти кои ќе донесат инвестиции, проекти кои ќе отворат нови работни места“, порача тој.

Ковачки укажа дека ако граѓаните сакаат да се промени грдата реалност, мораме да се бориме заедно, здружено, обединето. Да се донесат промените гласно. Да се врати надежта.

„Да се избориме против неправдите. Повторно да ја кренеме Македонија на нозе. Да ја исправиме Македонија. Да ја вратиме надежта кај луѓето. Да им го вратиме изгубеното достоинство на сите наши граѓани. Да ги вратиме младите повторно во сопствената Македонија, и да ги задржиме оние кои што се тука за овде да ја градат сопствената иднина, за овде да создаваат. Испраќам порака до сите граѓани ДОЈДЕНО Е ВРЕМЕ ЗА ПРОМЕНИ. ОД НАС ЗАВИСИ. ДА ЈА ЗАВРШИМЕ РАБОТАТА на 24 АПРИЛ, а потоа на 8 МАЈ“, порача Ковачки.

Ковачки нагласи дека дојде време за промени. Дојде време за нови победи. Нашата задача и обврска е да се бориме за нашата Македонија. Македонија повторно твоја. Промените се во твоите раце!

To top