Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Над 800 апликанти за претседатели на ОК, УМС, УЖ и УВ, тоа е показател дека членството сака да допринесе во развојот на партијата и татковината

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ очекува до крајот на април да завршат сите процедури, а новите раководства на телата да ги оформат општинските комитети и да продолжат со работа на терен во интерес на граѓаните.

Ковачки: Над 800 апликанти за претседатели на ОК, УМС, УЖ и УВ, тоа е показател дека членството сака да допринесе во развојот на партијата и татковината

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на гостување на поткастот „Проверитас’’, говореше за реорганизацијата која се случува природно во партијата за која, како што вели тој, членството се мобилизира во голем број и сака да допринесе во развојот на партијата на локално и на централно ниво.

„Имаме над 800 апликанти за овие позиции коишто сега ги споменавме, претседатели на општинските комитети, и телата на партијата, ветераните, младите и жените. Значи, над 800 апликанти имаме, нешто што е показател дека членството се мобилизира, е мотивирано, присутно е и сака да придонесе во развојот на партијата и татковината’’, појасни Ковачки.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ очекува до крајот на април да завршат сите процедури, а новите раководства на телата да ги оформат општинските комитети и да продолжат со работа на терен во интерес на граѓаните.

„Таму некаде до кај крајот на април тие нови претседатели би требало да ги имаат комплетирано своите општинските комитети, и месните комитети коишто исто така се основната клетка на партијата и да го затвориме ова мало реконструирање во партијата’’, заклучи Ковачки.

Најнови вести од Македонија

To top