Македонија македонија

Ковачки на теренска посета и состаноци на Парламентарното собрание на НАТО во Грција

На заедничките состаноци и теренската посета на Политичкиот комитет и Комитетот за демократија и безбедност на ПС на НАТО, од 14 до 16 октомври 2024 година во Атина и Хања (Крит), Република Грција, учествуваше шефот на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на НАТО, Драган Ковачки.

Ковачки на теренска посета и состаноци на Парламентарното собрание на НАТО во Грција

На заедничките состаноци и теренската посета на Политичкиот комитет и Комитетот за демократија и безбедност на ПС на НАТО, од 14 до 16 октомври 2024 година во Атина и Хања (Крит), Република Грција, учествуваше шефот на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на НАТО, Драган Ковачки.

Првиот ден на посетата во Атина се одвиваше во Парламентот на Република Грција, каде на парламентарците им се обратија: претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, шефот на Грчката делегација во ПС НАТО Димитриос Каиридис и заменик-министерот за национална одбрана Јанис Кефалојанис.

На тематските сесии посветени на повеќе актуелни безбедносни прашања, парламентарците имаа можност од високите претставници од безбедносниот и одбранбениот сектор на Република Грција и од академската фела, да се запознаат со грчката перспектива кон безбедноста и политичките случувања во јужното крило на НАТО, каде спаѓа и РС Македонија, потоа за Грчката перспектива за предизвикот на Кина кон поредокот заснован на правила и растечката миграција и мигрантските предизвици.

На теренската посета во Хања (Крит), парламентарците од ПС НАТО се запознаа со функционирањето на Оперативниот поморски тренинг центар на НАТО, каде поздравно обраќање имаше претседателот на Постојаната комисија за национална одбрана и надворешни работи во Парламентот на Република Грција. Беа посетени и НАТО центарот за извонредност за воздушна и ракетна одбрана и НАТО поморскиот центар за обука, како и поморската база Суда, каде високи воени функционери ја објаснија задачата и улогата на овие воени постројки. Крајот на посетата беше резервиран за обиколка на воздушната и поморската инфраструктура на НАТО и САД во Грција, каде беше презентирано како заеднички функционираат и логистички се поддржуваат армијата на Грција, армијата на САД и НАТО во вежбовните воздушни и поморски маневри во Медитеранот.

Специјализираните состаноци и теренските посети на воена инфраструктура во рамките на ПС НАТО се одржуваат според класифицирани безбедносни критериуми и Chatham House Rules, при што не се дозволува поголема елаборација на содржината во јавната медиумска сфера.

Најнови вести од Македонија

To top