И Македонија и Македонска Каменица заслужуваат да бидат повторно горди, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
-Затоа планираме да инвестираме 3 милијарди евра во капитални инвестиции, планираме да дивестираме 250 милиони евра од централниот буџет за нашите општини, од кои 3 милиони евра ќе одат директно до Македонска Каменица и нејзините граѓани.
За да се случат овие промени, почитувани граѓани, Ве повикувам на 24 април масовно да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за професорката Гордана Силјановска Давкова, за Македонија повторно да биде горда.