Тој по овој повод објави и Фејсбук статус:
„Единствениот начин на кој Славјанка Петровска води политичка кариера е привлекување на внимание со скандали и конфликти.
Тоа придонесува да не се зборува за вистината, но и тоа како придонесува целата јавност да го види недостатокот на капацитет, желбата да се прикаже за лажна жртва и сожалување, емоција на која инсистира за да плива во политичките води. Тоа е нејзин пат, и нејзина одлука.
*Од целиот текст е само точно дека станав и културно си заминав од настанот пред Славјанка да почне да говори, затоа што не дојдов за да ја слушам нејзе, туку дојдов да ги поздравам луѓето на кои пред неколку години сум им бил командант.
На крај, среќен и вековит јубилеј на единицата.
#ЧестИСила“, стои во неговиот пост на Фејсбук.