Македонија изјава

Ковачевски: Единствено со СДСМ има реален раст на платите, во наредниот мандат ќе имаме просечна плата над 1.000 евра

„Со правилни политики, просечната плата од 22.000 денари денес е порасната на 40.000 денари што е историски највисоко ниво споредено со она што беше во 2016 година. Минималната плата ја зголемивме од 8.000 денари на скоро 23.000 денари. Само во земјава од цел регион имаше реален раст на плата за време на кризата. Ако реално ја земете куповната моќ, платата денес е повисока отколку пред три години. Воедно, и пензиите ги покачивме во просек за 6.000 денари, а невработеноста ја преполовивме од 25% на 12,8%.“ истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, по денешната посета на компанијата ДИЕМ – ГП во Гевгелија.

„По изборите, во вториот мој мандат, просечната плата ќе биде 1000 евра, а минималната 600 евра. Пензиите ќе продолжат да растат и не само што нема да имаме веќе ниту еден пензионер под праг на сиромаштија, туку пензиите ќе бидат достоинствени и далеку повисоки.Истовремено работиме и на решение за воведување на минимална пензија.“ рече Ковачевски за новата изборна програма на СДСМ.

Претседателот Ковачевски воедно посочи дека подобар животен стандард е можен исклучиво со успешна економска приказна. Затоа Северна Македонија не смее да се откаже од европскиот пат и од просперитетната иднина за младиите како и од здрава и силна економија по европски стандарди, со пристап до пазар од половинина милијарда луѓе. Тој во изјавата за медиумите по завршувањето на посетата на ДИЕМ – ГП, потенцираше дека само со продолжувањето на европскиот пат ќе се генерира раст, ќе генерираат нови вработувања, ќе создаваат иновативни решенија и нашите домашни компании ќе бидат конкурентна на единствениот европски пазар.

To top