Македонија

Костовски: До каде ќе оди лудилото, потребна ли е жртва !?

Костовски: До каде ќе оди лудилото, потребна ли е жртва !?

До каде ќе оди лудилото, потребна ли е жртва !?, прашува градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

-Со месеци се алармира до Град Скопје, Данела и ЈП Улици и патишта да закрпат една дупка на улица “Радишанска” улица која што е надлежност на градот ! Ни трага ни глас, како и за се останато. Јавно посочувам дека со лични средства ќе ја поправам оваа дупка, ако Град Скопје бара кој инвестирал во нивна надлежност без нивно одобрение да знаат кого да бараат, објави тој.

Костовски нагласи дека ова е срамота од невидени размери.

To top