Кристина Костова вечерва е избрана за потпретседател на СДСМ на првата седница на новиот Централен одбор на партијата.
Зад Костова која е дел од раководството на СДСМ, како печат стои делувањето во Шарената револуција, но и ставовите дека „мизерна е таа лакомост на религиозните“.
-Државата да им помогнала на религиозните институции. Истите религиозни институции чии лидери во ек на пандемија отворено и дрско поттикнуваат непочитување на мерките и ширење на заразата. Тие со децении пропагираат назадни практики за угнетување на маргинализираните. Наметнуваат свои привилегии и ги штитат лакомостите на другите вечно привилегирани инстанци. Истите религиозни институции отворено работат на поделба на населението на основ на вера, ама и на основ на етникум.
Во самите свои редови ги дискриминираат и категоризираат верниците во помалку или повеќе заслужни за молитва, божја заштита или не знам што.
Имаат ценовници и скапо ги наплаќаат своите „услуги“ на верниците, а за огромните приходи ниту еднаш немаат платено данок.
Бедна и мизерна е таа лакомост на религиозните лидери, кои наместо да проповедаат мир, хармонија, наместо да им ја дадат духовната поддршка што им треба на верниците, отворија олкави усти за пари, пишуваше Костова во 2020 година на својот Фејсбук.