Македонија Уставен суд

Костадиновски на работна средба со амбасадорката на Република Србија

На средбата заеднички беше констатирано дека двете држави негуваат одлични пријателски односи во кои значајна улога има соработката меѓу уставните судови.

Костадиновски на работна средба со амбасадорката на Република Србија

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Н.Е. Невена Јовановиќ.

На средбата заеднички беше констатирано дека двете држави негуваат одлични пријателски односи во кои значајна улога има соработката меѓу уставните судови.

Претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката со приоритетите во својот мандат и искажа интерес за продлабочување на соработката помеѓу двата уставни судови преку организирање на билатерални средби и учество на конференции од значајни теми во областа на уставното право.

Најнови вести од Македонија

To top