Македонија локлани избори 2025

Костадинов: Стипендии за учениците и поддршка за млади спортисти од Чешиново-Облешево

Мотивиран сум од потребата за нашите најмали, да им создадеме услови за непречен и успешен спортски живот, објави Јордан Костадинов, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Чешиново-Облешево.

Костадинов: Стипендии за учениците и поддршка за млади спортисти од Чешиново-Облешево

Поддршка за спортот и здравиот живот мора да биде една од клучните и приоритетни заложби за работата на идниот градоначалник. Мотивиран сум од потребата за нашите најмали, да им создадеме услови за непречен и успешен спортски живот, објави Јордан Костадинов, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Чешиново-Облешево.

„Едно е јасно, спортот прави младите да се развиваат и растат здраво и далеку од пороците и лошите навики.

Нашиот избор се спортски терени наместо казина, фитнес центри наместо сомнителни и небезбедни ноќни клубови.

Со домаќинско планирање на средствата од буџетот на Општината, како иден градоначалник на општината Чешиново-Облешево, ги помагаме сите спортски клубови во општината, ги одржуваме постоечките спортски терени и ќе градиме спортски игралишта за сите населени места.

Илинденските спортски игри, ќе ја прераснеме во манифестација како во едно убаво минато и ќе биде една од најсветлите спортски моменти пред и за празникот Илинден.

Меморалниот турнир во мал фудбал, Андреј Митев, ќе се одржува во Облешево, ќе биде под покровителство на општината, а теренот на кој што се одржува овој турнир ќе добие нови и модерен изглед.

Турнирот во одбојка во Чешиново и генерациските турнири во мал фудбал во Спанчево и Соколарци ќе добиваат организациска и финансиска поддршка од Општината.

Во Чифлик, Бања, Уларци и Теранци и Кучичино, ќе ги модернизираме ќе ги осветлиме постоечките спортски терени во училиштата. Во Бурилчево и Жиганци ќе изградиме мини фитнес паркови .

Возобновување и враќање на ракометниот клуб Старк во спортската сала во општината“, додаде Косатадинов.

„Во соработката со професорите од двете основни училишта, ќе формираме тимови за откривање на млади таленти, од сите спортови и ќе овозможиме стипендии и помош за овие деца.

Поддршка и плаќање котизација за секој спортски клуб што ќе формира фудбалска школа, за да се натпреварува во било која дисциплина и генерација.

Направете го вистинскиот избор, Чешиново-Облешево ќе биде повторно спортска општина, потенцира во објавата Костадинов.

To top