Македонија косово

Косовската амбасада во Скопје ангажирала правни експерти за ослободување на Рамадани

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека по сите дипломатски канали ќе обезбеди ослободување на косовскиот државјанин и екс-припадник на ОВК, Бљерим Рамадани, кому Кривичниот суд – Скопје му одреди едномесечен екстрадициски притвор, откако МВР го уапси по српска потерница.

Рамадани беше приведен завчера на граничниот премин „Јажинце“, врз основа на потерница издадена од Судот во Белград, преку Интерпол Србија, под обвинение за воени злосторства во 1999 година на подрачјето на Неродимље.

„Амбасадата на Косово во Скопје е ангажирана со тим од правни експерти за што побрзо ослободување на Рамадани и негово враќање на семејството“, се наведува во соопштението на косовското МНР.

Рамадани да биде испорачан во Србија, очекува министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

„Често се случува некоја земја некого да уапси, но да не го испорача. Ако некој навистина сака да се бори против воени злосторства, ако постојат документирани обвиненија, тогаш се разбира дека очекуваме да бидат екстрадирани и да одговараат. Овде станува збор за киднапирања, убиства“, изјави Дачиќ.

Српските власти досега уапсија четворица косовски државјани кои се обвинети за воени злосторства.

Најнови вести од Македонија

To top