Македонија на македонската јавност и е добро познат

КОНТРОВЕРЗНИОТ БИЗНИСМЕН ДАКА НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД – тој беше вмешан во скандалот со Зоран Заев и Драги Рашковски во владата на СДСМ

За Миодраг Давидовиќ Дака медиумите во регионот пишуваат дека е личност со контроверзна улога, во прв ред во политичките случување во Црна Гора и Србија, а постојат сомневања дека е експонент на одредени руски кругови под контрола на тајните служби.

КОНТРОВЕРЗНИОТ БИЗНИСМЕН ДАКА НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД – тој беше вмешан во скандалот со Зоран Заев и Драги Рашковски во владата на СДСМ

На црната листа во Црна Гора ставен е и контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака кој на македонската јавност и е добро познат особено по коруптивниот скандал во владата на СДСМ.

Во одлуката на САД стои токму овој скандал во кој е вмешан тој во Македонија.

За Миодраг Давидовиќ Дака медиумите во регионот пишуваат дека е личност со контроверзна улога, во прв ред во политичките случување во Црна Гора и Србија, а постојат сомневања дека е експонент на одредени руски кругови под контрола на тајните служби.

Давидовиќ 12 години бил финансиски раководител на железараницатат „Борис Кидрич“ кај црногорскиот град Никшиќ. Потоа во деведесетите години од минатиот век бил началник на Центарот за безбедност во Никшиќ и министер во Владата на Слободна (Српска) автономна област Херцеговина, во периодот на војната во Босна и Херцеговина.

По завршувањето на војната почнал да се занимава со бизнис. Го основал претпријатието „НЕКСАн“ во 1992 година кое се занимавало со трговија со нафта и алкохолни производи, а во два наврата тој и неговата компанија ја контролирале никшиќката железарница. Имал обид да влезе и во политиката и бил кандидат за градоначалник на Никшиќ.

Во декември 2019 година имало обид за атентат врз ного хотелот „Краун Плаза“ во Белград, кај што неколку години наназад тој живее, а пред десет години бил и тешко повреден во физички напад со метални шипки.

Во одредени медиуми се споменува како финансиер на Демократскиот фронт во Црна Гора, чии лидери беа обвинети и судени за наводниот обид за пуч во земјата зад кој стоело руското воено разузнавање. Беше посочуван како добавувач на оружје на групата која на 16.10.2016 година планирала терористички напади на денот на парламентарните избори во Црна Гора. Најавувал и дека на престојните претседателски избори сака да се кандидира за претседател на Црна Гора.

Давидовиќ бил апсен уште во 1997 година за наводни малверзации со Тутунскиот комбинат. Во 2009 година во медиумите се споменува како вмешан во фиктивен извоз на нафта кон Косово, но тие обвинувања обвинителството никогаш не ги потврдило.

Во гореспоменатото обвинение за малверзации со Тутунскиот комбинат, ја оштетил државната каса за 10,5 милиони тогашни германски марки. До судење не дошло затоа што тогашниот претседател на Црна Гора, Момир Булатовиќ, го аболирал (слично како и Зоран Заев во 2008 година во случајот „Глобал“ од страна на тогашниот сопартиец и шеф на државата Бранко Црвенковски), бидејќи постоела опасност тој преку ваквиот притисок и компромитација да биде искористен како главен сведок во случајот за наводен шверц на тогашниот министер за внатрешни работи Филип Вујановиќ и директорот на државна безбедност Вукашин Мараш.

Компанија на Давидовиќ сега е посветена на градежништвото и гради згради во Будва, Котор, Никшиќ и Подгорица.

Медиумите во регионот пишуваат дека Давидовиќ бил кум на првиот претседател на Црна Гора Момир Булатовиќ ( во деведесетите) и бил во сериозен конфликт со Мило Ѓукановиќ

Инаку ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста уште во 2020 година потенцираше дека „Во ЕУ нема со Заев, кој преку Панама пере пари со анти ЕУ бизнисменот Дака, а обвинителството спие. Згора на тоа Маричиќ кој треба да се бори против тој криминал вели дека не слушнал за скандалот.

Фирмата на која гласи земјиштето на ШИК Јелак на кое е предвидена изградба на над 2.000 станови, и илјадници метри квадратни трговски и деловни објекти е формирана во Панама – Адастра груп корп, а Давидовиќ Дака е нејзин сопственик, а истата во Македонија го купила ШИК Јелак со обврска да ја рестартира фабриката. Што не се случи затоа што Заев има друга бизнис шема.

Еден ден по формирањето на Владата работата му е завршена. Донесена е измена на ДУП со која на Дака му се овозможува да изгради бетонска џунгла среде Тетово. На простор на објект, кој истиот го зема со намена да го рестартира како производствен капацитет.

Заев и Владата прават измама и на Дака му дозволуваат да гради згради на место кое требало да биде фабрика. Место кое доколку првично се продавало како парцела за станбени згради ќе посигнело многу повисока цена, од цената која ја платил Дака. А со тоа е оштетен буџетот на Македонија.

Целиот процес е крајно сомнителен. ЈО мора веднаш да отвори постапка и да утврди: Каде завршиле 300.000 евра и 2.000 метри квадратни кои Дака вели дека ги дал во снимката? Дали и на кого платил уште 4 милиони евра мито? Колку е оштетен буџетот на Македонија со тоа што Дака купил фабрика со огромно земјиште на кое сега ќе гради згради?

ЈО мора да реагира. Криминалот не смее да остане неказнет“, соопшти тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top