Македонија СПМ

Континуираните антимакедонски активности на бугарските официјални лица се на штета на добрососедските односи

СПМ бара од премиерот и од министерот за надворешни работи да реагираат и официјално да ги осудат тенденциозните напади врз македонскиот идентитет и нација.

Континуираните антимакедонски активности на бугарските официјални лица се на штета на добрососедските односи

Социјалистичката партија на Македонија укажува на продолжувањето на антимакедонската активност на нугарскиот претседател. Тој во континуитет тој ги оспорува македонскиот народ, македонскиот јазик и историја и со тоа им штети на добрососедските односи на двете држави.

-СПМ бара од премиерот и од министерот за надворешни работи да реагираат и официјално да ги осудат тенденциозните напади врз македонскиот идентитет и нација.

Барањето на бугарските власти во сите држави од окружувањето да се најдат Бугари се територијални претензии и империјални барања со цел да се наметне влијание, а преку тоа политичка и територијална асимилација што се гледа на дело.

СПМ е изненадена и од молчењето на официјалните власти во Македонија. Особено од албанските политички партии во Македонија кои не ги осудуваат овие настани, а ја имаат историската можност барем еднаш да се солидализираат со македонскиот народ, но и пошироко.
Воедно, нереагирањето на институциите на Косово на ваквото однесувањето, проследено со политичко националистичкиот циркуз, е целосно неприфатливо.

СПМ укажува дека ваквите настани само ги подгреваат националистичките однесувања кои водат кон нестабилност на регионот во целина што на долг рок ги оневозможува развојните тенденции, стои во соопштението на Социјалистичка партија на Македонија.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top