Македонија еколошка свест и одговорност

Коњановски: Инвестиции во фотоволтаици и субвенции за енергетска ефикасност за граѓаните на Битола

Нашата заедничка мисија е да изградиме почиста, поздрава и поодржлива средина, за нас, за нашите деца и за идните генерации. Вистински избор е зелена и модерна Битола, рече Коњановски.

Коњановски: Инвестиции во фотоволтаици и субвенции за енергетска ефикасност за граѓаните на Битола

Како локална самоуправа веќе сме препознати од македонската и меѓународната јавност, како пример за еколошка свест и одговорност, преку вложувањата во енергетската ефикасност и заштита на животната средина, вели Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ.

-Продолжуваме со уште позасилено темпо: Воведуваме субвенции за енергетска ефикасност и одржливост: нови фасади, дограми, велосипеди, соларни колектори и фотоволтаици, мерки со кои што ќе го намалиме загадувањето и значително ќе ги намалиме трошоците за енергија кај граѓаните. На нашите училишта, градинки, јавни институции и старскиот дом „Сју Рајдер“ ќе бидат поставени фотоволтаични системи кои ќе произведуваат чиста електрична енергија и ќе придонесат за енергетска независност. Создаваме нови паркови и спроведуваме пошумувања, заедно со активности за едукација на граѓаните за правилна селекција на отпад. Веруваме дека секој поединец има улога во заштитата на природата, рече тој.

Коњановски порача дека во партнерство со стручни институции, се воведуваат конкретни решенија за намалување на загадувањето.

-Ќе поставиме повеќе пунктови и контејнери за селекција на отпад, а со силна едукативна и медиумска кампања ќе ги охрабриме сите да станат дел од промената. Нашата заедничка мисија е да изградиме почиста, поздрава и поодржлива средина, за нас, за нашите деца и за идните генерации. Вистински избор е зелена и модерна Битола, рече Коњановски.

To top