Македонија Локални избори 2025

Коњановски: Битола да ја направиме модерен и уреден град, достоен за сите

Ова се чекори кон Битола каква што заслужуваме – модерен, развиен и град со иднина. Современа инфраструктура е вистинскиот избор за иднината на Битола, порача тој.

Коњановски: Битола да ја направиме модерен и уреден град, достоен за сите

Нашата цел е Битола да ја направиме модерен и уреден град, достоен за сите. Изминативе речиси четири години, Битола секојдневно се развиваше и градеше. Така и ќе продолжиме. Во овој мандат, Битола конечно ќе добие модерен булеварски влез од страната на Охрид, како прв впечаток за сите посетители од оваа страна и симбол на новото време за Битола, истакна Тони Коњановски, актуелен градоначалник на Битола и кандидат за уште еден мандат.

-Почнуваме со реконструкција и изградба на повеќе од 50 улици, како во градот, така и во руралните населби. Застарената водоводна и канализациона мрежа ќе биде обновена, со што обезбедуваме сигурно водоснабдување и поквалитетна животна средина, а новите улици ќе добијат целосна инфраструктура и нов асфалт. Секоја улица, секој пат што ќе го изградиме е вистински избор за иднината на нашите семејства! Ова се чекори кон Битола каква што заслужуваме – модерен, развиен и град со иднина. Современа инфраструктура е вистинскиот избор за иднината на Битола, порача тој.

To top