По 7 години спиење, ќе се носат 5 нови апарати во ГОБ „8 Септември“, напишаа на Фејсбук од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Ќе ги промовира, поточно ќе се слика министерот за здравство, Фатмир Меџити. И покрај 5 нови апарати Одделот за нефрологија нема да има пак свој ехо апарат. За информација станува збор за медицинска опрема за потребите на ГОБ „8 Септември“ Скопје или за систем за навигација за ОРЛ и база на череп, HD систем за ендоскопски процедури со гастроскоп и колоноскоп. Инаку набавени се само 5 апарати за хемодијализа за потребите на нефрологија ГОБ „8 Септември“, но дали може да има Нефрологија без ултразвучен апарат, истакнаа од комисијата.