Македонија

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Пациенти не можат да дојдат до термин за преглед и интервенција, додека владини функционери секој ден се третираат преку ред и без закажување

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Пациенти не можат да дојдат до термин за преглед и интервенција, додека владини функционери секој ден се третираат преку ред и без закажување

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишуваа дека пациенти реагираат дека не можат да дојдат до термин за преглед и интервенција на хируршките клиники, додека владини функционери секој ден се третираат во здравствени установи преку ред и без закажување.

„❗️Реакциите од пациентите кои пристигнуваат до Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ посебно се однесуваат на неможноста да се обезбеди хируршка интервенција или зафат како и термин за дијагностика за компјутерска томографија и магнетна резонанца, а долго се чека и за читање на резултатите што е клучно за натамошен третман

❗️И во 2024 година останува проблемот со немање транспарентни листи за интервенции на хируршките клиники, за кои листата на чекање може да биде од неколку месеци, повеќе од година или според реакциите на пациентите воопшто да не стигнат до неопходната интервенција

❗️Потпишување на формални меморандуми од Меџити без конкретни мерки за транспарентност на листите и нивно намалување не е само по себе доволно, па се поставува прашањето кога Меџити ќе потпише акт со кој на пациентите ќе им овозможи достапност на термини за преглед и интервенција, пред се реализирани на сите хируршки клиники во реално време.

❓Прашуваме дали досега немало евиденција, врз основа на што се креирале политики овие 7 години и дали воопшто имаат увид здравствените власти во работата на ЈЗУ во земјава“, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top