Македонија продолжен викенд

Колони возила на „Богородица“, задржување за излез од Македонија

Колони возила на „Богородица“, задржување за излез од Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, има задржувања за излез од државата, особено на граничните премини ГП Богородица и ГП Дојран.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

To top