Македонија

Кој е Владо Мисајловски – Докажан голем работник и столб за одбрана на македонските државни интереси

Кој е Владо Мисајловски – Докажан голем работник и столб за одбрана на македонските државни интереси

Владо Мисајловски ќе биде новиот министер за одбрана. На оваа позиција доаѓа од пратеничкото место во Собранието, но и од потпретседателското место во ВМРО-ДПМНЕ.

Мисајловски забележа убедлива победа во втората изборна единица на последните избори каде се соочи со долгогодишниот министер за внатрешни работи кој беше декласиран во изборната трка од Мисајловски.

Тој е магистер на факултетот за општествени науки на одделот Дипломатија и меѓународна политика. Владо своите почетоци ги има во Собранието, во кабинетот на претседателот на оваа институција, каде го добива својот прв ангажман како помлад соработник за меѓународна политика.

За кусо време станува Советник за меѓународна политика во Кабинетот на Претседателот на Собранието. Бил и раководител на секторот за поддршка на градоначалникот на Општина Центар, додека запливува во дипломатските води како државен секретар во министерството за надворешни работи. Од таа позиција активно работи за исполнување на високите НАТО стандарди и тесно соработува со структурите на северноатланската алијанса.

Тој како пратеник е член на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за надворешна политика и претседател на комисијата за транспорт и животна средина. Мисајловски бил и државен секретар, а подоцна и министер за транспорт во Владата на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски.

Претходно бил и прв човек на Јавното претпријатие за државни патишта.

Со доаѓањето на Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ станува нејзин потпретседател. Луѓето што го познаваат велат дека е одмерен и чесен човек, професионалец во извршувањето на работните ангажмани.

Владо Мисајловски е семеен човек, сопруг, татко на две деца и во едно од ретките интервјуа за приватниот живот говори дека семејството му е најважно.

Најнови вести од Македонија

To top