„Првите значајни надворешно-политички чекори се САД и Велика Британија. Тоа недвосмислено ги разбива сите параноични кампањи на ДУИ, на СДСМ за руска закана, за проруска ориентација на ВМРО-ДПМНЕ и слично“.
Ова го истакна директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, во вечерашниот НАТКАСТ кај Љупчо Цветановски.
-Со договорот со Велика Британија се обезбедуваат финансии за значајни сектори за Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати нагласува дека здравството е еден од врвните приоритети за оваа Влада и тоа се покажува на дело. Во првиот пакет проекти кои се договараат се завршувањето на Клиничката болница во Штип, зграда за Медицинскиот факултет и нов студентски дом во Штип, како и завршување на кичевската болница која заедно со струмичката болница е рекордер по должината на градење, двете се почнати пред повеќе од 30 години. Се планира и реконструкција на Клиничката болница во Тетово, рече тој.
Клековски оцени дека ова не е случаен избор на проекти туку преклопување со стратегијата на Владата да се поттикне јакнење на болниците.
-Фактот дека имаме рамка од 6 милијарди, во првата фаза една третина од тоа ќе се употреби, покажува дека Владата и министерството за финансии, односно министерката, водат многу големо внимание за нивото на задолженост, рече тој.
Целото гостување погледнете го во видеото во продолжение: